еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

По една недела најдено телото на момчето кое исчезна во водите на браната кај Дрвош

Тим на струмичките пожарникари денеска го пронајде и извлече телото на М.П. (29) од село Дабиле, кој на 16-ти овој месец исчезна во водите на браната кај селото Дрвош.

Веста ја соопшти ТППЕ Струмица на својата Фејсбук страница, откако утрово нивниот тим се вклучи во потрагата по исчезнатото момче.

Завчера во потрагата се вклучија и жители на селото Дабиле, кои со чамец и сонари ја пребаруваа браната. Како што беше објавено на нивната Фејсбук страница, сонарите детектирале објект во водата, а денеска со помош на пожарникарите е извлечено телото на удавеното момче.

Инаку, на 16 јули во 13:30 часот во полицијата од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13.00 часот М.П. (29) од село Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

29-годишно момче од струмичко Дабиле исчезна во водите на браната кај Дрвош

МИА/Фото: ТППЕ Струмица

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што побараа пратениците на опозицијата кои гласаа „за“ промена на Уставот

Редакција

(Фото) Филипче и Заев даруваа крв по повод 1 Мај

Редакција

Потврди ли ММФ дека Комерцијална дефинитивно ја купува Еуростандард банка?

Редакција