еМагазин
Балкан

Рекордни 45 починати од Ковид-19 за еден ден во Словенија

Во Словенија, рекордни 45 лица починаа од коронавирусот во последните 24 часа, а потврдени се 1.388 нови случаи, објавено е на владиниот Твитер профил.

Од последниот пресек, тестирани се 5.326 лица. Во изминатиот ден 11 лица беа хоспитализирани, па сега во словенечките болници има 1.275 пациенти.

На интензивна нега има 208 лица, пренесува агенцијата СТА.

Од почетокот на епидемијата во Словенија се заразени 56.932 лица, од кои 876 починале.

МИА 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицотакис на германскиот министер за надворешни работи му потврдил дека Нова демократија нема да гласа за Договорот од Преспа

Редакција

Независниот пратеник Фокас од Солун се приклучи во пратеничката група на Каменос

Редакција

Поради „контрверзната„ изјава на Заев, Мицотакис ги повика партиите и пратениците да гласаат против Договорот од Преспа

Редакција