еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Беживотни тела на носила, а до нив пациенти со Ковид-19 се борат за живот: Вознемирувачки снимки од болниците во Русија

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен објави видео снимка од пренатрупана болница во Русија, истакнувајќи дека најверојатно бројот на смртни случаи во Русија е многу поголем отколку што покажуваат официјалните податоци.

Си-Ен-Ен објави видео снимка, што ја добила од руски лекар во средината на октомври од болница во Уљановск, град околу 700 километри источно од Москва.

На снимката се гледаат беживотни тела на носила, а само на неколку метри пациенти со Ковид-19 се борат за живот.

– Вака изгледаат нашите ноќи, застрашувачки – се слуша машки глас на видео снимката.

Си-Ен-Ен тврди дека добила повеќе такви снимки.

Американската телевизија доби и пристап до привремената болница со 1.300 кревети во Москва, која е поставена на лизгалиштето за светското првенство. Но, во болницата наречена Ледена палата, сѐ е уредно и сѐ е во ред.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почната е исплатата на платите на здравствените работници, велат од Фондот за здравствено осигурувње

Редакција

Четири месеци затвор за момчето што му удри шлаканица на Макрон

Редакција

(Фото) Еди Рама ја „присвои“ Лешница: Водопадите биле дел од убавините на Албанија

Редакција