еМагазин
Image default
Балкан

Рекордни 45 починати од Ковид-19 за еден ден во Словенија

Во Словенија, рекордни 45 лица починаа од коронавирусот во последните 24 часа, а потврдени се 1.388 нови случаи, објавено е на владиниот Твитер профил.

Од последниот пресек, тестирани се 5.326 лица. Во изминатиот ден 11 лица беа хоспитализирани, па сега во словенечките болници има 1.275 пациенти.

На интензивна нега има 208 лица, пренесува агенцијата СТА.

Од почетокот на епидемијата во Словенија се заразени 56.932 лица, од кои 876 починале.

МИА 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Грција тестот за туристите нема да биде задолжителен, туку ќе се тестираат по случаен избор

Редакција

Патријарх Вартоломеј: Ќе се вакцинирам против Ковид-19, пандемијата не треба да се негира

Редакција

Каракачанов станал дедо, внук му ќе го крсти Гоце Делчев: „Да им биде јасно дури и на скопските манипулатори чиј е Делчев“

Редакција