еМагазин
Image default
Македонија

Владата отпочна постапка за кризна состојба, назначи Управувачки комитет и Група за процена

Владата на синоќешната седница ја отпочна постапката согласно со препораката од Советот на безбедност за прогласување кризна состојба на целата територија на државата и ефикасно справување со последиците од Ковид-19.

– Во таа насока, согласно Законот за управување со кризи, на вечерашната седница Владата донесе решение за изменување на Решението за именување членови на Групата за процена, со кое за членови на оваа група се именуваат Стојанче Ангелов, вршител на должност директор на Центарот за управување со кризи и Беким Максути, вршител на должност директор на Дирекцијата за заштита и спасување, соопшти владината прес-служба.

На седницата, донесено е и решение за изменување на Решението за именување членови на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и за членови на Комитетот го именуваше Стојанче Ангелов, в.д. директор на Центарот за управување со кризи и раководител на Групата за процена.

– Со решенијата на седницата се овозможува да отпочне постапката за прогласување кризна состојба на целата територија на државата според мислење на Групата за процена, по што ќе следува предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи до Владата, по што таа ќе ја донесе одлуката за прогласување кризна состојба, соопшти прес-службата на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата најдоцна до утре вечер ќе прогласи 30 дена кризна состојба на целата територија: Што тоа значи за граѓаните?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Активини три пожари – кај Раовиќ, Патишка река и Ракле

Редакција

Во Охрид опожарен угостителски објект на државниот правобранител Агрон Речи

Редакција

Детален преглед на состојбата по болниците низ Скопје

Редакција