Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 16 до 22 ноември покажуваат дека за една недела во Македонија има 7.486 случаи на Ковид-19.
„Тестирани се вкупно 19.664 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 6,3% во однос на минатата недела.
Регистрирани сe 7.486 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со незначително зголемување во однос на минатата недела од 1,8%.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=3.255; 43,5%), со неделна инциденца – 535,1/100.000.
Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 38%“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За една недела 372 лица до 19 години заболени со Ковид-19
23 пациенти биле на возраст од 30-49 години: За една недела во Македонија 204 починати од Ковид-19
Фото: МЗ