еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Неготинец кој студира медицина во Русија доброволно се пријави да волонтира во Здравствениот дом во Неготино

Неготинец кој студира медицина во Русија се пријави доброволно да волонтира во Здравствениот дом во Неготино, информираа денеска од таа јавна здравствена установа.

– ЈЗУ Здравствениот дом во Неготино изразува особено голема благодарност до нашиот колега Ване Цветковски, студент од шеста година на Медицинскиот факултет во Санкт Петербург, Русија, кој се пријави доброволно да волонтира и да помага на своите колеги во лекувањето на пациентите во оваа тешка пандемија.

Ова е уште еден доказ дека во оваа битка не сме сами и е уште поголем мотив дека мора да издржиме сите заедно. Ти благодариме млад колега. Твоето присуство меѓу нас ни го оттргна заморот и ни даде сила да продолжиме со уште поголем ентузијазам. Вие драги наши сограѓани само почитувајте ги препораките, напишаа од Здравствениот дом на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/Здравствен дом Неготино

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голема наградна игра на НЛБ Банка: „Поинакво зимско доживување со Mastercard haPPy во Кицбил, Австрија“

Редакција

Citroën C3: 400.000 продажби за помалку од две години

Редакција

Започнува втората сезона „Растеме во шампиони 2.0“ на НЛБ Банка и „Отворени забавни фудбалски школи Македонија“

Редакција