еМагазин
Image default
Македонија

И во Струга се подготвува терен за поставување на модуларна болница

Во дворот од Струшката општа болница се подготвува теренот за поставување монтажна модуларна болница за пациенти позитивни или со симптоми на Ковид-19.

Објектот, како што информира директорот на болницата, Мухамед Асани, ќе биде на површина од 600 метри квадратни.

– Тука ќе има лабораторија и предвидени се 35 кревети со цела опрема за пациенти позитивни или суспектни на Ковид-19, изјави Асани.

Според него, до крајот на неделата треба да биде бетониран просторот, каде ќе биде монтирана модуларната болница. Поставени се инсталации за приклучок на вода, струја и канализација.

Во моментот, како што нагласи директорот, во двата ковид – центри, односно во Интерното и во Детското одделение хоспитализирани се 35 пациенти, од кои 25 се позитивни на Ковид-19, а останатите се со симптоми. На располагање им се уште четири кревети предвидени за пациенти заразени со коронавирусот.

За модуларната болница, рече дека можеби ќе биде потребен дополнителен медицински кадар, но за тоа ќе информираат откако ќе почнат со работа.

– И сега е тешко за организација со медицински персонал, но се организираме некако, со оглед на фактот дека и од нив има позитивни или во изолација, нагласи Асани

Модуларната болница во Струга, е дел од планираните 16 објекти, што ги најави Министерството за здравство за справување со есенскиот бран на Ковид-19.

МИА/Фото: Општина Струга

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

220 се реинфекции, едно лице заразено по третпат: Нови 1.543 случаи на Ковид-19

Редакција

Сите детали: „Поштенска банка“ нова истрага на СЈО, кој е осомничен?

Редакција

Поради недостиг од судии, третина од кривичните предмети во Прилеп пред застарување

Редакција