еМагазин
Image default
Македонија

Уставен суд: Одлуката за промена на Уставот не е пропис и не подлежи на уставно-судска оценка

Уставниот суд на денешната седница со мнозинство гласови ги отфрли двете иницијативи поднесени на собраниската Одлука за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија oд 19 октомври годинава.

Иницијативите, како што велат од Судот, се отфрлени, бидејќи Одлуката не претставуваат пропис и не подлежи на уставно-судска оценка.

Подносители на иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката се Светскиот македонски конгрес и физичко лице од Свети Николе.

„Со одлуката за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија евидентно е флагрантното кршење на Уставот и законите на државата Македонија и на меѓународното право“, велат меѓу другото од Светскиот македонски конгрес.

МИА/Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 2.121: Од Ковид-19 починаа 25 лица

Редакција

Тимоние го правда Макрон: Датумот не требаше да се третира како награда за Договорот од Преспа

Редакција

Утрово во домот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јаулески, влезе Финансиската полиција

Редакција