еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Во „Жолтата куќа“ во Албанија се вадеа органи на Срби, кои се продаваа на клиники низ Европа

Поранешните офицери на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи неодамна од судот во Хаг беа обвинети за најмалку 98 убиства.

Тие се обвинети за злосторства извршени во 34 нелегални притвори на ОВК во Косово и Албанија над најмалку 407 приведени, од кои најмалку 98 биле убиени, од март 1998 година до септември 1999 година.

Дел од обвинението, како што објавија регионални медиуми, се однесува и за т.н „Жолта куќа“, во која во текот на 1999 година за време на војната во Косово, хирурзи ваделе органи на претежно Срби, донесени од ОВК.

Од страна на опозицијата во Албанија деновиве беше посочено дека првиот вицепремиер во Македонија, Артан Груби бил преведувач за „Жолтата куќа“, а тоа го потврди и неговиот соопартиец Али Ахмети. Тој преведувал за Хашкиот трибунал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груби: Јас само преведував за Хашкиот трибунал за случајот „Жолтата куќа„

Првиот вицепремиер, Артан Груби бил преведувач во „Жолтата куќа„, потврди Ахмети

Прва информации за „Жолтата куќа“ сподели Карла дел Понте

Прва во јавноста тврдења за постоење на „Жолтата куќа„ изнесе поранешната обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте во својата книга „Лов: Јас и воените злосторници“.

Таа во книгата вели дека околу 300 Срби и други жители на Косово (неАлбанци), биле киднапирани и транспортирани во Албанија, каде им биле вадени органи кои потоа биле испраќани во Италија, од каде биле дистрибуирани во клиники ширум Европа.

По објавувањето на овие информации, кои дел Понте ги дознала од новинари, беше отворена истрага во Србија.

Во извештај пак на Советот на Европа од декември 2010 година беше објавено дека организатори на трговијата со органи биле поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и Дреничката група.

Каде се наоѓа

Таканаречената „Жолта куќа“ се наоѓа во село, во близина на градот Бурел на северот на Албанија.

Во меѓувреме куќата беше офарбана во бело, а во нејзина близина беа пронајдени празни шишиња од инфузни течности, средства за опуштање на мускули, завои, игли…

Истрага на Хашкиот трибунал

Во јануари 2005 година истрага за овој случај отвори Хашкиот трибунал. Истражителите на Трибуналот во куќата и околу нејзе пронајдоа пластични садови, празни шишиња со лекови, кои се користат при хируршки интервенции…

Фото: insajder.net/видео: РТС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Димакс рудници“ го доби тендерот на ЈП за одржување на патишта за набавка на индустриска сол вреден 6,9 милиони евра

Редакција

Влада: Налепници со „НМК“ наместо нови регистарски таблички

Редакција

(Фото) МВР откри 100 килограми марихуана во Росоман

Редакција