еМагазин
Image default
Македонија

Груби: Јас само преведував за Хашкиот трибунал за случајот „Жолтата куќа„

Првиот вицепремиер Артан Груби тврди дека нема никаква инволвираност во случајот „Жолтата куќа“ и дека тој бил само преведувач за Хашкиот трибунал.

„Работев за Хашкиот трибунал од 1999 до 2004 година и во албанскиот град Бурел бев заедно со иследникот на Хашкиот трибунал, по претходни наводи за наводни злосторства таму и се утврди дека нема никаков случај.

Во неговиот извештај тоа го кажа и се затвори. Бев службено како дел од Хашкиот трибунал. Секоја година се отвора оваа тема, едноставно моето ЦВ-и е јавно објавено не веб-страницата на Владата, претходно на Собранието, и сите знаат дека сум работел во Хашкиот трибунал од 1999 до 2004 година во канцеларијата на обвинителката како преведувач и тоа сум работел на истраги и во Македонија, Косово, Албанија, во Црна Гора и Србија и нема ништо спорно во мојот ангажман.

Ако сте го читале обвинението, ќе забележите дека „Жолтата куќа“ воопшто не се споменува. Јас бев во Албанија во 2004 година, а наводите за направени злосторства се од 1998/99 година. Бевме таму како дел од истрагата, јас бев асистент на иследникот, но „Жолтата куќа“ воопшто не е дел од обвинението против претседателот на Косово, експретседателот на Собранието, туку други наводни злосторства од 1998 и 1999 година“, изјави Груби, кој тврди дека неговото вмешување во случајот во Албанија е за предизборни цели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Во „Жолтата куќа“ во Албанија се вадеа органи на Срби, кои се продаваа на клиники низ Европа

Првиот вицепремиер, Артан Груби бил преведувач за „Жолтата куќа„, потврди Ахмети

Фото: Фејсбук/Груби

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор од 30 дена за мајката чие дете настрада во пожарот во Гостивар

Редакција

Зголемување од 1,8%: За една недела 7.486 случаи на Ковид-19

Редакција

Антикорупциска бара кривична одговорност од градоначалникот на Сарај, Беџети за платформата на Матка

Редакција