еМагазин
Image default
Македонија

Првиот вицепремиер, Артан Груби бил преведувач за „Жолтата куќа„, потврди Ахмети

Во емисијата „Клик плус“ на телевизијата 21, лидерот на ДУИ, Али Ахмети потврди дека неговиот соопартиец и прв вицепремиер Артан Груби, бил преведувач за „Жолтата куќа“, која со години се споменува како место на страшни злосторства во Албанија изршени за време на војната во Косово, каде од заробеници, пред сѐ Срби по националност, се вадени органи заради продажба.

„Артан Груби беше преведувач и самиот ја објасни работата околу „Жолтата куќа”. Знаев за Груби дека работел како преведувач и службеник во седиштето на НАТО во Скопје, потоа и во холандската амбасада во Скопје, како и дека седум или осум години работел како преведувач во Хашкиот трибунал.

По Хаг, работел во НАТО и во амбасадата во Скопје. Го познавам најмалку 15 години”, рече Ахмети, додавајќи дека би било наивно да се тврди дека Груби не ја знаел материјата за „жолтата куќа“, но како преведувач, а на како истражител, бидејќи тој не бил тоа. Но, го знаел материјалот, бидејќи преведувал и дел од интервјуата кои ги правеле истражителите од Трибуналот во врска со оваа куќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груби: Јас само преведував за Хашкиот трибунал за случајот „Жолтата куќа„

(ВИДЕО) Во „Жолтата куќа“ во Албанија се вадеа органи на Срби, кои се продаваа на клиники низ Европа

Фото: Фејсбук/Груби

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Перински: Арсовска ми порача да не одржувам прес-конференција

Редакција

Владата ги задолжи сите државни институции да ги користат услугите на Пошта

Редакција

Обвинителство бара притвор за тројца браќа кои се под истрага за обид за убиство на полицаецот во Велес

Редакција