еМагазин
Image default
Бизнис

Трговците на мало треба да обезбедат ред и дисциплина во објектите за почитување на мерките за заштита од Ковид-19

Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог-законот за трговија, со цел обезбедување превенција и зајакнување на заштитата на здравјето на населението од ширењето на вирусот Ковид-19 во услови на вршење трговија на мало.

„Со измените во законот за трговија, како што соопштија од Владата, продолжија да важат мерките предвидени со Уредба со законска сила.

Согласно Уредбата, трговците на мало во услови на пандемија се должни да постават ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на објектите во кои се врши трговија на мало, да обезбеди редарска служба за да се запази минимум потребното растојание меѓу лицата пред и во објектот, и да обезбеди спроведување на дезинфекција за раце при влез во објектот, да постави соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред во објектот, да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените во објектот, како и други мерки,“ се вели во соопштението на Владата.

Фото: Општина Центар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Орка Холдинг“ оствари добивка од 6,2 милиони евра

Редакција

„Аполо инженеринг“ и „КИ-ЕМ“ го добија тендерот на Град Скопје за зимско одржување на улиците вреден 1,3 милиони евра

Редакција

„Хаваш“ ќе биде консултант на ТАВ Македонија за услугите за прифат и отпрема на скопскиот аеродром

Редакција