еМагазин
Image default
Македонија

Нови 28 случаи на Ковид-19 во Тиквешко

Две негователки се позитивни на коронавирусот во Кавадарци, вработени во различни објекти од градинка, во изолација се 22 деца и четворица вработени, заболен е и еден здравствен работник, потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Центарот бележи и две починати лица, на 66 и 81 година.

Потврдени се нови 28 случаи позитивни на коронавирусот, во Кавадарци 16, Росоман 2, Неготино 6 и 4 лица во Демир Капија.

Тие се на возраст од 17 до 79 години.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одбиено барањето за прекинување на „Титаник“ и изземање на обвинителката Стефанова од СЈО

Редакција

(Фото) Ковачевски во Истанбул се сретна со партијархот Вартоломеј

Редакција

Нови 178 случаи со Ковид-19, четворица починати и 592 оздравени

Редакција