еМагазин
Image default
Бизнис

Блокиран целиот имот на Трифун Костовски

Главниот акционер на поранешната Еуростандард банка, Трифун Костовски во колумна со наслов „И тоа е можно…“ објавена на интернет порталот „Либертас“ потврди дека по завршување на предистражната постапка што ја спроведува Јавното обвинителство му е блокиран целокупниот негов имот.

„Почитувани, со завршување на предистражната постапка, мојот личен имот ми е комплетно блокиран. Говорам за имот кој е стекнат пред повеќе од 35 години, ама ако е во интерес на правдата и вистината, немам ништо против“, пишува тој во колумната.

Со ова мерка за обезбедување, всушност му се оневозможува на Костовски да го отуѓува својот имот се до завршување на истрагата што ја покрена Обвинителството, откако претходно Народната банка поднесе кривични пријави за предизвикување на стечајот на Еуростандард банка.

При поднесувањето на кривичните пријави Народната банка соопшти дека побарала да се спроведат дополнителни мерки во насока на натамошна заштита на интересите на штедачите и доверителите.

Засега ниту судот, ниту Обвинителството се уште ја немаат потврдено оваа информација.

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во акција на Интерпол спречен увоз на 63 тони пилешко месо од Полска во Македонија

Редакција

Скопјани пријавија 349 осигурани штети од силното невреме: Имотот на „Ист Гејт Мол“ осигуран со франшиза од 100.000 евра

Редакција

Службен весник вработува шест лица, плата до 43.112 денари

Редакција