еМагазин
Image default
Бизнис

Во Македонија 8.364 слободни работни места, најмногу во услужните дејности и продажбата

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2020 година во Македонија имало 485.372 пополнети и 8.364 слободни работни места.

Стапката на слободни работни места изнесува 1.69 %. Највисока стапка на слободни работни места од 4.69 % има во секторот „Објекти за сместување и сервисни дејности со храна“, додека најмала стапка од 0.17 % бележат секторите „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ и „Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување“.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.44 %.

Источниот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.11 %. Најголем број слободни работни места, односно 3.227 има во петтата група на занимања „Работници во услужни дејности и продажба“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продаден блок акции од Комерцијална банка за 33.000 евра

Редакција

Реплек отвори нов пазар за своите фармацевтски производи

Редакција

Акционерите и вработените ќе добијат дел од 21-милионската добивка на Макпетрол

Редакција