еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по македонските болници

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекува вкупно 881 пациент позитивен и суспектен на корона вирусот, информира Министерството за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 81 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 65 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 65 болни, а во Куманово 111 пациенти позитивни и суспектни на Ковид -19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 126, во ковид центарот во Гостивар 61, а во Струга 39 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациент, во Кочани 24, во Кичево 20, Кавадарци 46, во Гевгелија 17 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.326 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид центрите“, соопшти Министерството.

Оттаму додаваат дека во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

„Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, информираат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 73 случаи на Ковид-19 во тиквешкиот регион

Филипче: Нема лек за Ковид-19, терапија само од матичен лекар

Во Охрид активни 576 случаи на Ковид-19, изминатата седмица 206 новозаболени

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по скопските болници

Фото: Министерство за здравство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Бомба“ на судењето за насилствата пред општина Центар: Груевски му вели на Јанакиески, Жерновски да изеде неколку шамари

Редакција

Избори 22 дена по крајот на вонредната состојба, но енигма е колку таа ќе трае

Редакција

(Фото) Македонски државјани краделе луксузни автомобили на Халкидики

Редакција