еМагазин
Image default
Македонија

Повеќе заболени со Ковид-19, намалување на болни во образовните установи во Тетовско

По најновиот состанок на Кризниот штаб на Општина Тетово денеска справувањето со пандемијата се оценува како стабилно. Има вкупно 40 пациенти на кислородна поддршка во Клиничката болница во Тетово.

-Ситуацијата е стабилна, иако во текот на изминатите седум дена во Тетово и околните општини имаме двојно повеќе нови случаи на болни од Ковид-19 во споредба со бројот на излекувани лица.

Во градинките, основните и средните училишта имаме намалување на бројот на случаи на болни од Ковид-19. Во градинките „Младост“ во Тетово имаме еден позитивен воспитувач и една група деца во изолација. Има 11 позитивни наставници во основните училишта и три одделенски групи во изолација.Во средните училишта имаме 12 позитивни наставници, изјави градоначалничката Теута Арифи.

Според статистиката на Кризниот штаб, вкупниот број на лица од почетокот на пандемијата до денес е 4.104.

-Од оваа бројка досега се опоравиле 2.759 лица, а 157 починале, со што бројот на активни случаи во Тетово и 5 околни општини е 1.188.

Во текот на минатата недела, полицијата за неносење заштитни маски, издала налози за 375 лица. Државниот санитарен и здравствен инспекторат издаде 718 нови решенија за задолжителна изолација, додека беа кинтролирани 1.156 лица со такви решенија, рече Арифи.

Според евиденцијата на Министерството за здравство неделата што измина во споредба со претходната (23.11-29.11) во тетовскиот регион се бележат повеќе нови случаи со коронавирусот, но помалку смртни исходи.

Изминатите седум дена имало 293 новозаболени со Ковид-19, за разлика од претходната недела кога имаше 285. Од понеделник до недела се евидентирани шест смртни случаи за разлика од мината недела кога имаше 11.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прво законски измени, потоа носење маска и на отворено и забрана за групирање дома

Редакција

Бугарија ќе им плаќа на македонските Бугари да ја тужат Македонија

Редакција

ЗНМ: Полиција или цензори, скандалозно избришан видео запис на ТВ21

Редакција