На 07.12.2020 во 18.00 часот во СВР Куманово, 24-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од С.Н. од Штип за сума од околу 30.000 денари, информира МВР.
„Според пријавеното, таа во октомври на социјалната мрежа „Фејсбук“ прочитала објава „жена што помага на луѓе“ и стапила во контакт со неа.
Исто така, според пријавеното, 24-годишната жена во повеќе наврати по брза пошта ѝ праќала пари и златен накит на штипјанката, но по некое време С.Н. не била достапна, по што пријавителката заклучила дека била измамена. Се работи на расчистување на случајот“, соопшти МВР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.