Да не се заборави на ветото од Бугарија за Македонија, не за друго, после некое време бугарските политичари ќе речат дека лажеме и дека всушност нашиот источен сосед не не блокирал на патот кон Европската Унија (ЕУ).
Да не се заборави дека Бугарија не ни дозволи да почнеме преговори со ЕУ и тоа во време, страшно за целиот свет, во време на пандемија со Ковид-19.
Да не се заборави дека бугарски политичари, но и нивни т.н. историчари на јавна сцена го навредуваа македонскиот народ, македонскиот јазик и македонскиот идентитет.
Да не се заборави дека бугарски политичари и тамошни „експерти“ ширеа говор на омраза за македонскиот народ.
Да не се заборави дека ЕУ пак не излажа и повторно не си го исполни ветувањето.
Да не се заборави дека од сите земји членки на ЕУ не блокираше само Бугарија.
Да не се заборави дека наши дедовци и баби беа убивани од бугарскиот окупатор за време на Втората светска војна и окупацијата на Македонија.
Да не се заборави дека Бугарија не малтретира повеќе од еден век и дека нема да се откаже од нејзините аспирации кон Македонија и македонскиот народ.
Да не се заборави дека Бугарите насилно асимилираа Македонци и да не се заборават семејните трагедии кои произлегоа од тоа, па брат Македонец се убиваше со брат Македонец.
ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И официјално: Само поради Бугарија нема датум за преговори со ЕУ