еМагазин
Image default
Локално

Тетовчанец физички ја нападнал сопругата: Семејното насилство стана редовна појава

Тетовската полиција привела маж на 35 години кој физички ја нападнал сопругата.

„Триесет и четиригодишна жителка на тетовско село вчера во СВР Тетово пријавила дека во нивниот семеен дом физички ја нападнал нејзиниот 35-годишен сопруг.

Пријавениот набргу бил приведен и задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува поднесок“, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според статистичките анализи на СВР Тетово, од јануари до септември се регистрирани вкупно 98 кривични дела во врска со семејно насилство.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четири лица тепале брачен пар на улица во Скопје

Редакција

МВР: Приведена жена која му се заканувала на директорот на затворот во Шутка

Редакција

Приведени пет работници од Турција и Кина во демиркаписко

Редакција