еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Туристичко-угостителска комора: Новите рестриктивни мерки за угостителските објекти се селективни и непрецизни

Туристичко-угостителската комора на Македонија соопшти дека новите рестриктивни мерки кои ги усвои Владата се непрецизни и селективни поради што се доведува во прашање ефектот кој се планира да го постигнат.

Од Туристичко-угостителската комора посочуваат дека досега ги поддржувале сите здравствени мерки кои придонесуваат за намалување на последиците од пандемијата и активно го промовиралe почитувањето на протоколите за работа, но сега сметаат дека единствен ефект од новите решенија ќе биде драматично влошување на состојбата на угостителскиот сектор.

– Повеќе пати досега беше изнесено барање Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство да презентираат епидемиолошки анализи кои ќе покажат дека угостителството е поголема причина за ширење на заразата, отколку некои други сектори како меѓуградски и градски транспорт, работа на шалтери, работа во големи работни колективи, партиски активности.

Досега не се презентирани такви податоци, поради што мора да заклучиме дека угостителството е избрано за рестрикции како пример за пред јавноста, поради немањето желба или можност власта да се справи со други жаришта.

Највидлив пример за несоодветното однесување на надлежните институции е нереагирањето на прославите кои беа организирани во партиски штабови надвор од сите протоколи, без дистанца и со блех музика, истакнуваат од Туристичко-угостителската комора.

Според комората, мерките се непрецизни, бидејќи не е јасно на кои угостителски објекти се однесува.

„Да потсетиме дека кога претходно имаше рестрикции Државниот пазарен инспекторат толкуваше дека тие ги вклучуваат и хотелите. Исто така саканиот ефект, сузбивање на епидемијата, нема да се постигне и доколку угостителските објекти работат ограничено додека другите сектори функционираат редовно.

Во такви услови луѓето само ќе се префрлат од угостителските во другите објекти кои работат. Исто така нејасно е и каков ефект ќе даде ограничување на работењето на угостителските објекти во земјава, ако не се забрани патување во странство.

Неопходно е воведувањето на дополнителни рестриктивни мерки да биде паралелно проследено со обезбедување на соодветни економски мерки за поддршка на секторот,“ додаваат од Туристичко-угостителската комора.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Игротеките бараат поддршка и протоколи за почеток со работа

Редакција

Во август најголем раст на трошоците на живот за зеленчук и туристички аранжмани

Редакција

Неизвесно каква зима не очекува на полето на енергетиката, вели Бислимоски

Редакција