еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Ваучери за храна, намалување на акцизите за горивата: Што се предвидуваат мерките на Владата за ублажување на кризата

Владата денеска донесе пакет од 26 мерки за ублажување на последиците од економската криза и руско-украинскиот конфликт.

Мерките се наменети кон зачувување на животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на компаниите. Поделени се во две групи. Во првата група се мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и компаниите, а во втората група – мерки за финансиска поддршка на компаниите преку Развојната банка.

Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата во Владата рече дека се соочуваме со најголемата економска криза која Европа и светот ја паметат во поново време и дека пред нас е тешка година која со добри мерки и политики ќе ја премостиме.

Тој упати порака до граѓаните дека има доволно количини на храна и енергенси во стоковите резерви и дека Буџетот е стабилен, ликвиден и во полна кондиција да ги финансира сите обврски. Нема опасност ниту по стабилноста на денарот.

Дел од пакетот мерки се намалувањето на повластената стапка на ДДВ за лебот, шеќерот, брашното тип 400, зејтинот, трајното млеко, свежото месо, оризот и јајцата.

Се замрзнуваат и маржите за основните прехранбени производи, а се укинуваат и царинските давачки за увозот на основните прехранбени производи.

Предвидени се и ваучери во вредност од илјада денари за купување на основните прехранбени производи за три месеци за околу 35 илјади граѓани од ранливите категории.

Се продолжува и субвенционирањето на цената на електричната енергија за регулираниот пазар за домаќинствата и за малите потрошувачи до јуни годинава, се субвенционира цената на топлинска енергија, а се препорачува цените на горивата да се менуваат на дневна основа додека трае енергетската криза.

Дел од мерките е и пролонгирањето на еколошката такса за енергенсите.

Се намалува и стапката на ДДВ на 10 проценти за дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, како и акцизата врз основа на берзанските цени.

Ќе има и ослободување од плаќање на ДДВ при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување.

– Предизвиците пред нас се огромни. Во услови на постпандемија се соочуваме со најголемата економска криза која Европа и светот ја паметат во поново време. На глобално ниво растот на трошоците на храната и на енергенсите како резултат на воената агресија на Русија на Украина го чувствуваме и ние денес и сега.

Дисбалансот на цените на основните продукти и енергенси не засега и нас. Ова ќе биде тешка година но со добри мерки и политики ќе ја премостиме, порача Ковачевски на прес-конференцијата во Владата.

Владата препорачува и штедење и рационално користење на електричната енергија и енергенсите, а дополнително задолжени се државните и јавните институции да предложат сет мерки за рационализација на трошоците по овие основи.

– Сакам да упатам апел никој да не се обидува да профитира на грбот на граѓаните. Владата го ублажува покачувањето на цените, но мора сите да се однесуваме одговорно, рече Ковачевски.

Дел од мерките за кои треба законски измени ќе важат веднаш штом бидат изгласани во Собранието. Ковачевски апелираше сите пратеници да се однесуваат одговорно и да дадат поддршка за овие законски измени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата предлага нула проценти ДДВ за основните прехранбени производи како и измени во законите за акцизата

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 310 случаи на Ковид-19 од 2.609 тестови, 49 се реинфекции

Редакција

МНР вработува 16 службеници

Редакција

Што пишува во биографијата на Оливер Ристовски: Од заменик-министер за правда до член на ДИК

Редакција