еМагазин
Image default
Локално

Фирма од Скопје со измама зела над 16 милиони денари од грчки Актор

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето Х.О., во својство на управител на правниот субјект АТ-СИ Гроуп ДООЕЛ Скопје, лицата С.З., Ж.З., И.П. , и правниот субјект АТ-СИ Гроуп ДООЕЛ Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело измама, фалсификување и уништување деловни книги и помагање.

Како што соопшти Управа за финансиска полиција, пријавениот Х.О. во својство на сопственик и управител на пријавениот правен субјект АТ-СИ Гроуп ДООЕЛ Скопје, со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за пријавеното правно лице, со свој потпис и печат заверил фактура и договор со невистинита содржина за наводно извршени градежни услуги за потребите на правниот субјект АКТОР АДТ Грција – Подружница Скопје, без притоа да постои реален должничко доверителски однос помеѓу двата правни субјекти.

Повел Предлог за издавање решение за нотарски платен налог врз основа на неверодостајна исправа – фактура го довел во заблуда извршителот Васко Блажевски, да донесе Решение за извршување, врз чија основа во 2019 година е спроведено неосновано извршување од банкарската сметка на правниот субјект АКТОР АДТ Грција – Подружница Скопје во корист на пријавениот правен субјект АТ-СИ Гроуп ДООЕЛ Скопје, со што пријавениот Х.О се стекнал со противправна имотна корист во износ од 16.605.000 денари со која го оштетил правниот субјект АКТОР АДТ Грција – Подружница Скопје.

– Со цел да се прикријат трагите од сторените кривични дела, пријавениот Х.О., во својство на управител на пријавениот правен субјект АТ-СИ Гроуп ДООЕЛ Скопје, во име на пријавениот правен субјект потпишал и со печат заверил поединечни договори за вршење на услуги со пријавените С.З., Ж.З. и И.П. за наводно извршени услуги за превод, изработка на проекти и средување документација, врз основа на кои договори на пријавените физички лица, без воопшто да извршат било какви услуги за потребите на пријавениот правен субјект АТ СИ Гроуп ДООЕЛ Скопје, во текот на 2019 година им префрлил дел од неосновано наплатените парични средства од правниот субјект АКТОР АДТ Грција – Подружница Скопје во вкупен износ од 5.830.965 денари, кои потоа од  пријавените физички лица се подигнати во готово, наведува Управа за финансиска полиција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неколкумина го тепале бидејќи ги турнал при разминување во локал

Редакција

Девет лица приведени за дрога, помеѓу нив и полицаец

Редакција

Мали оштетувања на две куќи од пожарот во Дојран, постои опасност од неексплодирани гранати

Редакција