еМагазин
Image default
Македонија

Државна ревизија со забелешки за капиталните расходи во образовната инфраструктура

Слабости при дефинирање на програмите за инвестиции во образовната инфраструктура и отсуство на процедура со јасни критериуми за избор на објекти, како и низок степен на реализација на програмските активности во 2019 година од 36 проценти, што влијае врз постигнувањето на основните цели – подобрување на условите на образовниот процес, утврдил Државниот завод за ревизија (ДЗР) во конечниот извештај за извршената ревизија на дел од елементите на финансискиот извештај (биланс на приходи и расходи) и ревизија на усогласеност на Министерството за образование и наука (МОН) за 2019 година.

Предмет на ревизијата биле капиталните расходи – потпрограмите за изградба и реконструкција на основни и средни училишта, ученички и студентски домови и ревизија на усогласеност за 2019 година.

„Изразивме мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на дел од елементите на финанскиот извештај Биланс на приходи и расходи за 2019 година и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставените политики“, соопшти ДЗР кој конечниот ревизорски извештај го објави денеска на својата веб-страница.

Како клучна системска слабост е наведено отсуство на законски одредби за основното и средното образование кои го регулираат начинот на утврдување на потребата од изградба/доградба на нови училишни објекти.

Извештајот содржи клучни препораки – допрецизирање на програмите и воспоставување процедура со јасни критериуми за објективен избор на објекти и обезбедување услови за навремено завршување на инвестициките работи и мерки за целосно искористување на одобрените буџетски средства за образовната инфраструктура.

ДЗР соопшти дека биле разгледани забелешките од МОН на нацрт-извештајот, но не се прифатени поради недоставени докази кои би имале влиајние на констатираната состојба

Целта на ревизијата е да се добие разумно уверување дали елементите на финансскиот извештај, кои се однесуваат на капиталните расходи за Потпрограмите за изградба и реконструкција на основни и средни училишта, ученички и студентски домови, се ослободени од материјално погрешни прикажувања, а рефлектираните активности и трансакции се во согласност со законската регулатива.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов обид за смена на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи со судско решение и полиција

Редакција

Директорката на кумановската болница позитивна на корона вирусот: „Имунитетот попушти од стрес“

Редакција

Во Тетово двајца починати од Ковид-19, на кислородна поддршка се 14 пациенти

Редакција