еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Главниот кризен штаб не донесе заклучок за вакцинацијата на вработените во јавниот сектор, Филипче ќе одржи состанок со синдикатите

Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) на денешниот состанок не донесе заклучоци во врска со задолжителна вакцинација на јавната администрација, а предлог-мерките ќе се разгледуваат утре на седница на Владата.

Министерот Венко Филипче, вечерва ќе одржи состанок со синдикатите како би ги слушнал и нивните предлози, кои ќе бидат презентирани и на владината седница.

„Министерот за здравство Венко Филипче, утрово на Главниот координативен кризен Штаб ги предложи мерките на Комисијата за заразни болести кои со консензус беа усвоени на состанокот, минатата недела.

Министерот посочи дека мерките кои ги предлагаат здравствените експерти се целосно издржани и ќе дадат резултат и за одржување на релативно стабилната епидемиолошка состојба во земјава, како и за покачување на вакцинацијата во државата.

Говорејќи за состојбата во државата, министерот образложи дека  болниците се полнат со невакцинирани пациенти, односно процентот на невакцинирани, а хоспитализирани се движи од 75% до 80%.

Ваков вид, но и доста поригорозни мерки има насекаде во регионот, Бугарија, Хрватска, Словенија, Грција, како и Австрија, Холандија и други.

Министерот Филипче, вечер ќе одржи состанок со синдикатите како би ги слушнал и нивните предлози, кои ќе бидат презентирани и на владината седница.

На денешниот состанок на ГККШ не беа донесени заклучоци, предлог мерките ќе се разгледува утре на седница на Влада,“ соопштуваат од Министерство за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе биде ли задолжителна вакцинацијата за вработените во јавниот сектор: Денеска заседава Главниот кризен штаб

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новозаболените лица со коронавирусот во Прилеп се на 73 и 74-годишна возраст

Редакција

Сведоштво за „Меѓународен сојуз“: Камчев платил 300.000 евра рекет на Боки 13

Редакција

МНР препорачува да не се патува во кинескиот град Вухан поради коронавирус

Редакција