еМагазин
Image default
Македонија

Ќе биде ли задолжителна вакцинацијата за вработените во јавниот сектор: Денеска заседава Главниот кризен штаб

За новите предлог-мерки на Комисијата за заразни болести за невакцинираните вработени во јавниот сектор и здравствените работници, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, денеска ќе се разговара на Главниот кризен штаб, а потоа и на седница на Владата.

Согласно предлог-мерките, сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа, сите институции за одење на работно место треба да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР негативен тест, кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок.

Оние кои го прележале вирусот ќе приложат потврда за прележан Ковид-19, не постар од 45 дена, а доколку не можат да примат вакцина, ќе треба да имаат потврда од лекар специјалист.

Покрај тоа, се предлага вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници, а мерките треба да стапат на сила 10 дена откако ќе ги усвои Владата, за граѓаните да имаат време да се вакцинираат и 30 дена за здравствените работници кои се уште не се вакцинирале.

Препораките се кон овие мерки да се приклучат и приватните компании, со цел да се заштитат производствените капацитети и целокупниот економски процес во земјата.

-Бараме да се ажурура процесот за спроведување на контрола на здравствените сертификати, користејќи ги елекронските алатки на европските сертификати преку апликација која го прикажува вистинскиот QR код и ја контролира неговата валидност.

Ова е мерка со која очекуваме значајно да се зголеми опфатот со вакцинацијата, изјави министерот Филипче, кога ги објави предлог-мерките и додаде дека го следат примерот од останатите држави од регионот и од Западна Европа каде се применуваат мерки сѐ повеќе рестрикции за невакцинираните.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски оди во домашен притвор

Редакција

Русковска бара помош од САД, ЕУ и европската обвинителка Ковеси поради притисоци од директорот на Финансиската полиција

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по скопските болници

Редакција