еМагазин
Image default
Балкан

Словенија утре почнува со доброволно масовно тестирање за Ковид-19

Доброволно масовно тестирање за Ковид-19 почнува утре во Словенија во бројни општини, изјави денеска Марија Магајне од словенечкото Министерство за здравство.

Точните локации и време допрва ќе бидат објавени, а резултатите од брзите тестови што ќе се користат за време на тестирањето од денеска се сметаат за еквивалентни на резултатите добиени со ПЦР тестовите, јави СТА.

Тестирањето ќе биде достапно во сите поголеми словенечки градови, а повеќе места за тестирање ќе бидат обезбедени во области каде епидемиолошката состојба е најтешка.

Тестирањето ќе биде бесплатно и ќе се спроведува до 24 декември.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Косово воведе задолжителен тест за Ковид-19 за граѓаните на Македонија, БиХ и Црна Гора

Редакција

Србија и Бугарија имаат добри односи, многу подобри отколку останатите во регионот, вели Вучиќ

Редакција

(Видео) Два силни земјотреси ја стресоа Хрватска и ги вознемирија граѓаните на Загреб, Сисак и Ријека

Редакција