еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Голема акција на МВР: Запленети четири и пол килограми хероин и килограм кокаин во Сингилиќ

На 21.12.2020 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи по претходна судска наредба, извршија претрес во дом и други простории на Е.М. (27) од Синѓелиќ, Скопје за кој имало сознанија дека се занимава со купопродажба на хероин и кокаин на подрачјето на Скопје и во градови во источниот дел од државата, соопшти МВР.

„При претресот, во специјално направени бункери се пронајдени околу четири и пол килограми хероин, спакувани во повеќе пакувања со различна големина и околу еден килограм кокаин, исто така распределен во повеќе пакувања, наменети за продажба.

При претресот се пронајдени и пиштол магнум 357, пиштол ХС и пакувања со околу 200 куршуми. Е.М. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Министерството за внатрешни работи продолжува и во наредниот период со континуирани активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и на другите видови криминал“, информираат од МВР.

Фото/Видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 33.000 лица загинаа во Турција и Сирија по земјотресите

Редакција

Нови 387 случаи на Ковид-19 од 1.176 тестирани

Редакција

Денеска сончево и топло до 32 степени, утрово студено, а во тек на ден сончево и топло

Редакција