еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Зијадин Села примен на Клиниката за кардиологија поради болки во градите

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села e хоспитализиран нa Клиниката за кардиологија поради болки во градите, соопшти портпаролот на партијата, Флакрон Беџети на неговата Фејсбук-страница.

„Во текот на вчерашниот ден, претседателот на нашата партија, Зијадин Села, имаше болки во градите што беа причина да биде примен во Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје.

По прегледите, се востановило дека е во добра здравствена состојба и во стабилна состојба. Претседателот Села ќе се врати дома во текот на денешниот ден или утре и ќе продолжи со редовните секојдневни активности,“ напиша Беџети.

Фото: Фејсбук/Села

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Како изгледаат прашалникот и изјавата за согласност за интервенција, кои ќе ги пополнуваме кај стоматолог

Редакција

16 од загинатите во несреќата во Бугарија се од Чаир, градоначалникот Ганиу смета дека бројката е поголема

Редакција

Највисоката температура во земјава од 45,7 степени е измерена во Демир Капија во 2007

Редакција