еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Словачка и Чешка: Одредени ентитети од Македонија шират неточни информации дека влијаеле на нашите одлуки за вето на заклучоците на ЕУ

Амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш и заменик-амбасадорот на Чешка, Лубомир Пшенка, во заедничка изјава велат дека не постои ентитет од Северна Македонија што влијаел на одлуките на Братислава и Прага да ги блокираат предлог-заклучоците на Советот на ЕУ за проширувањето.

– За жал, одредени ентитети од Северна Македонија почнаа да шират неточни информации дека влијаеле на донесувањето на одлуките на Прага и Братислава поврзани со процесите во самата ЕУ.

Ниту чешката, ниту словачката дипломатија се свесни за постоење лоби-напори од некои ентитети кои можеле да влијаат на процесот на донесување одлуки во Прага и во Братислава, велат во изјавата словачкиот амбасадор и заменик амбасадорот на Чешка.

Во продолжение на изјавата, како што пренесува 360 степени, се наведува дека Чешката Република и Словачка „по минатонеделниот ангажман во изготвувањето на заклучоците на Советот во однос на проширувањето, јасно ги соопштија околностите кои ги спречија да се согласат со предлог-заклучоците на Советот. Тоа беше сторено преку заедничка изјава на министрите за надворешни работи на Чешка и на Словачка“.

– Ако постоеле такви напори, таквите активности не стигнале до релевантните актери, односно до лицата што носат одлуки во Чешка и во Словачка. Одлуките на министрите Петричек и Корчок беа донесени без какво било влијание од ентитет од Северна Македонија, се наведува во заедничката изјава на амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш и заменик-амбасадорот на Чешка, Лубомир Пшенка. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Кедра“ го доби тендерот на ЕЛЕМ за набавка на парна турбина за РЕК Битола вреден милион евра

Редакција

Детален преглед: Под хипотека 132.527 станови во Македонија

Редакција

Eпидемиологот Даниловски прогнозира дека ќе можеме да се опуштиме кон крајот на јуни

Редакција