еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите со 66.831 денари убедливо на врвот

Државниот завод за статистика соопшти дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2020 година, изнесувала 27.899 денари.

Во Македонија има дејности каде што просечната плата е повеќе од два пати поголема отколку државниот просек.

На врвот на листата пет највисоки просечни плати е секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности со 66.831 денари.

Потоа следуваат производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со 46.575 денари, телекомуникации со 43.110 денари, останати стручни, научни и технички дејности со 42.816 денари и воздухопловен транспорт со 42.281 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просечната нето плата во октомври изнесувала 27.899 денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието ја усвои ПЕМ конвенцијата за извоз на пазарите на ЦЕФТА

Редакција

„Гранит“ го доби тендерот на Град Скопје за изградба на булевар „АСНОМ“ вреден 5,9 милиони евра

Редакција

Венко Глигоров сподели искуство од возењето по новиот автопат во Косово: „Честитки за нив, ние сме тешки бруки“

Редакција