еМагазин
Image default
Бизнис

ИРЛ: МПЦ влегува во бизнисот со струја

По градежниот бизнис, Македонската православна црква се вклучува и во бизнисот со струја. МПЦ заедно со уште четворица партнери на 25 ноември основале компанија за производство на електрична енергија, објави ИРЛ.

Освен МПЦ, основачи на компанијата според ИРЛ се и „Друштво за производство на елекрична енергија Хец Драгов дол коо Кичево“, Сретен Миладиновски, Александра Аврамовска, Слободан Јовески и фирмата „Мелничко пекарска индустрија Жито Караорман АД Кичево“.

Митрополитот Тимотеј  на Дебарско – кичевската епархија за ИРЛ вели дека одлучиле да вложат во изградба на мала хидроцентрала.

„Планирано е хидроцентралата да се гради на реката Треска, но идејата се уште е во зародиш. Кај нас често се случува некои работи да се започнат, но не секогаш се завршуваат. Се надевам дека оваа идеја ќе се реализира“, вели Митрополитот Тимотеј.

Компанијата е регистрирана на домашната адреса на Аврамовска во Кичево. Управител е Сретен Миладиновски. Според основачкиот договор, Миладиновски ако треба да изврши плаќања кои се поголеми од 1.000 евра, ќе мора да добие и потпис од МПЦ, пишува ИРЛ.

Целата сторија на ИРЛ, ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкав промет оствариле акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и НЛБ Банка за шест месеци

Редакција

Товарниот железнички сообраќај стартува, а патничкиот од вторник, прекинат бојкот

Редакција

Колкави биле трошоците на ТВ 24, Наша, ТВ 21, Шења, Клан и ТВ Сонце лани

Редакција