еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Дебарските иселеници во САД со донации за Инфективното одделение

Дебарските иселеници во САД продолжуваат со донации за својот роден град и сограѓаните, а истото го прават и сопственици на фирми во градот, како поединци.

Во низата до сега, иселениците последователна помош испраќаат за Општата болница со проширена дејност, за обезбедување кислородна поддршка за болните од Ковид-19 хоспитализирани во Инфективното одделение.

– За таа цел нашите иселеници во САД, Фета Фишта и Мафиз Беќири донираа финансиски средства, за што сме многу благодарни.

Претходно Беќири донираше средства и за потребната инфраструктура за тогашното интерно, а сега инфективно одделение, односно набавката на врати, прозорци и слично, изјави за МИА, директорот на болницата, Баки Халили.

Благодарност тој искажува и за дебарските фирми кои дале донации за одделението.

– Нашата благодарност како институција, за покажаната хуманост, ја заслужуваат и Реџеп Каравидај, сопственик на пекарата „Елита“, кој донираше средства исто така за набавка на кислород, како и на компанијата „Слајс пица“ која донираше машина за перење наменета за одделението, вели Халили.

Во Инфективното одделение донации од различен вид доставуваат и поединци, меѓу кои Сафет Муратоски, кој при нашиот престој во болницата меѓу другото достави флаширана вода за пиење за болните и за здравствениот кадар во одделението.

Моментно во одделението се хоспитализирани пет пациенти, сите на кислородна поддршка, додека исто толку се третираат амбулантски.

МИА/Фото: Општина Дебар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Светски познатиот бренд Bürotime со ексклузивна продавница во Скопје

Редакција

(Видео) Успешна операција на една од најкомплексните аномалии на срцето кај бебе од домашниот тим предводен од Академик д-р Жан Митрев

Редакција

dm започна со поставување диспанзери со хигиенски влошки на сите државни универзитети во Македонија

Редакција