СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.А. (58) од с.Вељуса, струмичко, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, соопшти МВР.
„Во период од 02.11.2020 до 07.11.2020 пријавената своеволно, без да потпише изјава и да го информира дежурниот медицински персонал, го напуштила Одделението за инфективни болести при Општа болница – Струмица, каде била хоспитализирана“, информираат од МВР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.