еМагазин
Image default
Македонија

Предметот „Империја“ се уште во фаза на вештачење

Државниот јавен одбвинител Љубомир Јовески информира дека истрагата за предметот „Империја“ е во тек и дека постапката се наоѓа во фаза на вештачење.

– Постапката за овој предмет е во фаза на вештачење, а се преземаат и други дејствија. Очекуваме во некое рационално време да биде изготвено мислење од вештите лица, истакна Јовески на денешниот онлајн брифинг со новинарите.

Случајот „Империја“ го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), а меѓу осомничените е и бизнисменот Јордан Камчев. Истрагата за овој случај сега ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не дојде еден од поротниците: „Топлик“ одложен за 20. март

Редакција

Апелација ја укина времената забрана за продажба на книгата на Стојан Андов

Редакција

Неспроведувањето на Мијалков е техничка грешка на Кривичен, тврдат од затворот во Струга

Редакција