еМагазин
Image default
Македонија

Двајца ученици избркани од скопско училиште поради пцовки кон професорка за време на онлјан час

Двајца ученици се избркани од училиште СУГС „Владо Тасевски“ во Скопје поради пцовки кон професорка за време на онлјан час, информираа од училиштето.

“Чувствуваме должност да ја известиме јавноста по однос на случајот со недолично однесување на ученикот кој вербално нападна наставник во нашето училиште и ученикот кој неовластено го снимил и го дистрибуирал видеото од срамното однесување на ученикот.

Денес заседаваше наставничкиот совет и ЕДНОГЛАСНО донесе одлука да ги ИСКЛУЧИ двајцата ученици.

СУГС Владо Тасевски е училиште во кое се почитуваат кодексот на однесување, правилникот за изведување на онлајн настава и секоја повреда ќе ја санкционираме!“, информиаа од училиштето на нивниот Фејсбук профил.

Видеото со навредите кон професорката, снимано од еден од учениците вчера заврши на социјалните мрежи Инстаграм, ТикТок и Твитер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рекордни 1.192 случаи со Ковид-19 од 3.211 тестирања, половината од нив во Скопје

Редакција

Германско МНР: Азилот е човеково право, но не и за пријателите на премиерот за да избегаат од правдата

Редакција

Внатрешната контрола на МВР ќе го разгледува приведувањето на Фуркан Салиу

Редакција