еМагазин
Image default
Бизнис

Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на законот за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол

По консултации со експерти од областа на енергетиката и правото, претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба.

Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, смета дека донесувањето на законот е во јавен интерес, бидејќи државата ќе стане сопственик на целиот гасоводен систем и на тој начин ќе се отвори можност за диверзификација на изворите за снабдување со гас на нашата држава, како и дека ќе се создадат услови за дополнителни вложувања во изградба на дистрибутивната мрежа.

Исто така, нашата држава ќе стане транзитна рута за други држави во регионот.

– Усогласениот текст на спогодбата е направен со медијаторство на „Енергетската заедница – Виена“, меѓународна организација задолжена за усогласување на правилата и принципите на внатрешниот пазар на енергија на ЕУ со државите кандидати за членство како и соседството на ЕУ, се вели во соопштението.

Во однос на забелешките и критиките дека со ова решение е нарушено начелото на поделба на власта и дека Собранието ги презело ингеренциите на судот, претседателот Пендаровски, како што се наведува, смета дека владеењето на правото е обезбедено со надлежноста на Уставниот суд да ја контролира уставноста на законите.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДС Смитх со добивка во првите девет месеци

Редакција

ЕСМ и официјално го презема управувањето и со топланата Скопје Север

Редакција

Тетекс во првите три месеци со добивка

Редакција