еМагазин
Image default
Локално

Во тетовско Гајре 64 годишник го загубил животот при градежни работи

При изведување градежни работи во тетовското село Гајре животот го изгубил 64-годишен жител на селото. Според првичните сознанија, тој работел на ѕид од камења што се урнал врз него.

– Во 10:20 часот, во СВР Тетово пријавено е дека  во тетовско Гајре, додека се изведувале градежни работи, со повреди се здобил Љ.И.(64) од ова село, кој набрзо им подлегнал на повредите.

Лекари од тетовската Итна медицинска помош констатирале смрт, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото увид извршиле екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на семејството.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шумар пронајден мртов во Охридско

Редакција

Неверојатни попусти за отвoрањето на новиот салон на „Техномаркет“ во Аеродром

Редакција

Жител на кочанската населба Оризари убил волк во сопствениот двор

Редакција