еМагазин
Image default
Македонија

Новогодишната ноќ поминала мирно за дежурните екипи споредено со претходните години

Министерот за здравство Венко Филипче во изјава за медиумите информираше дека новогодишната ноќ помина мирно за дежурните екипи, споредено со претходните години.

Во Ургентниот хируршки центар извршени се десетина прегледи и приеми, споредено со 30, 40 во изминатите години.

Десеттина прегледи и приеми се изведени и на Клиниката за токсикологија, исто така многу помалку споредено со 30-на случаи кои биле примени во претходните години.

„Навистина се почитувале мерките, да нема прослави, да нема групирање и тоа е една голема заслуга и на граѓаните“, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче со благодарност до граѓаните за почитување на мерките и нивното трпение

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повеќе сведоци на одбраната дадоа исказ на судењето за организаторите на 27 април

Редакција

Муса Џафери сведочеше за „Монструм“: Бевме загрижени за да не дојде до меѓуенички и меѓурелигиски тензии во Скопје

Редакција

Нови 1.112 случаи на Ковид-19 од 2.553 тестирања

Редакција