еМагазин
Image default
Македонија

Филипче со благодарност до граѓаните за почитување на мерките и нивното трпение

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска при посетата на Клиниката за гинекологија и акушерство изрази благодарност до граѓаните за довербата во институциите, за нивното трпение и за почитувањето на превентивните мерки.

„Оваа година беше година во која здравствените работници покажаа како се работи професионално и посветено. Сите пациенти заболени од Ковид-19 беа навремено згрижени и тестирани и се надевам ќе продолжи трендот на намалување на пациенти во болниците“, рече Филипче.

Тој синоќа изрази поддршка на сите негови колеги кои дежураа на работните места, а претходно изврши операција на Клиниката на неврохирургија.

Фото: Фејсбук/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изречени 704 казни за неносење маска

Редакција

Вевчанците кои на Вевчанскиот карневал го запалија бугарското знаме, треба да платат 17.000 евра казна

Редакција

Пресуда за „Тортура” на 17 јуни

Редакција