еМагазин
Image default
Македонија

Мајка има што да каже и тоа ќе го направи еден ден, вели за А1он, синот на Катица Јанева

Во интервју за А1он, синот на Катица Јанева, Лазар Јанев вели дека неговата мајка има што да каже и дека тоа ќе го направи еден ден.

„Премногу собира за овој период, сметам дека има толку многу информации што едноставно може да експлодира од нив. Ми има кажано само дел. Има време, млада е уште, и да остане пресудата како што е, ќе дојде ден кога ќе каже што и лежи на срце“, вели нејзиниот син, кој и е и адвокат.

Јанев зборува и за претресите кои беа направени во неговиот дом, по кој Јанева стана една од осомничените во истрагата за „Рекет“ и тврди дека целта била да се бараат прислушувани разговори, а не гарнитурата која беше запленета и за која се тврдеше дека е дел од „ќарот“ што го има таа во случајот.

„Кај нас не дојдоа да ја бараат гарнитурата ниту, пак, милиони, туку нешто друго. Кај нас се бараа прислушувани разговори. Првата наредба за претрес јас ја прочитав и пишуваше УСБ стикови, хард-дискови. Имаше мала фонтана во дворот каде живееше мајка ми и во неа се бараше.

Се бараа и во перална, секаде се бараа. Истата работа се случи и по 40 дена. Дојдоа, бараа прислушувани разговори и еден од истражителите пред мене се јави, и претпоставувам дека зборуваше со Вилма Русковска кога кажа: ’Ја најдовме, тука е‘, мислеше на гарнитурата која беше ишарана од нашата внука. Ние ни на крај памет не помисливме на таква работа„, вели тој.

На прашањето дали некогаш Јанева му рекла дека се срами од тоа што се случи, Јанев вели дека нејзиниот коментар бил само: „Што ми требаше оваа работа, јас да дојдам во Скопје“.

„Тоа беше нејзиниот одговор. Мислам дека тој одговор го знаеше многу порано, кога беа одбивани предлозите за притвор, за замрзнување на имот, откако знаеше дека не може да се вработат одредени лица, бидејќи Министерство за финансии не дава согласност за вработување, кога правеа претреси, а веќе самите лица кои беа мета или цел на тој претрес веќе беа информирани за тоа што и како ќе се случува“, кажа Јанев.

Парите од „Рекет“ ниту се докажаа дека се дадени, дека постојат, ниту сега се знае каде се, ниту кој ги дал и кому ги дал, вели меѓудругото Јанев.

„Јас сум и син на Катица Јанева, но и сум адвокат кој сега како самостоен, а претходно како вработен во канцеларијата на адвокатката Ирена Фрчкоска бев активно вклучен во целата постапка.

Со ниту еден доказ во постапка, не се потврди каква било поврзаност на Катица Јанева со какви било финансиски средства кои потекнуваат од имотот или се дадени од Јордан Камчев. Тоа беше и во пресудата, во неа не постои каков било доказно, материјално и вербално поврзување на доказите со пресудата во поглед на Катица Јанева“, кажа тој.

Фото: А1он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телевизиите зачудени што АВМУ ги потсетува како да се однесуваат со платените реклами

Редакција

(Видео) Објавувачот на новите аудио „бомби“ за ДУИ го покажа ликот

Редакција

Убава вест: Оздравеа 103 пациенти од Ковид-19, половината од нив од Скопје

Редакција