еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО даде „зелено светло“ за користењето на вакцината против Kовид-19 на „Фајзер“ и „Бионтек“

Светската здравствена организација (СЗО) вчера ја издаде првата итна дозвола за користење на вакцина против Kовид-19. Станува збор за вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“.

Во соопштението на СЗО се вели дека ваквиот потег треба да ја отвори портата за државите низ светот во нивните регулаторни тела да ги забрзаат процедурите за увоз и имунизација со оваа вакцина.

– Ова е многу позитивен чекор кон обезбедување на глобален пристап до Kовид-19 вакцините. Но, би сакал да ја истакнам потребата за уште поголем глобален напор за да се постигне доволно голема понуда на вакцини, која ќе ги задоволи потребите на популацијата на која и е најпотребна, секаде низ светот, изјави д-р Мариангела Симао, помошник-директор во СЗО за пристап до лекови и медицински производи.

СЗО и партнерите работат деноноќно за да ги оценат и другите вакцини кои ги достигнаа стандардите за ефикасност и безбедност. Вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ веќе ја одобрија за користење Велика Британија, САД, Европската Унија, Израел, Саудиска Арабија и други земји во светот, но вистински предизвик ќе биде пронаоѓањето на вакцина против Ковид-19 за земјите со послаби здравствени системи, кои се силно зависни од СЗО за да добијат вакцина за имунизација на населението од Ковид-19.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Манчевски по петти пат негативен на корона вирусот: „Излегувам, доста беше“

Редакција

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Ковачевски дезертирал во воениот конфликт во 2001, прикажувајќи се како трајно неспособен

Редакција

Фотографирањето заврши, Македонија вистински преговори ќе почне кога ќе ги внесе Бугарите во Уставот

Петре Димитров