еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Фотографирањето заврши, Македонија вистински преговори ќе почне кога ќе ги внесе Бугарите во Уставот

Македонија денеска во Брисел ја одржа првата политичка Меѓувладина конференција со Европската Унија (ЕУ), што од македонските власти пред јавноста беше преставена триунфално како историско почнување на преговорите со ЕУ, што не е точно.

За разлика од нив, европските функционери беа многу внимателни во своите изјави, бидејќи пред Македонија за вистинско отварање на преговорите престои и втора Меѓувладина конференција со ЕУ, која како што е познато е условена од Бугарија и ќе се случи кога Бугарите ќе бидат внесени во македонскиот Устав.

Тоа е јасно кажано во контроверзниот Протокол кој Македонија го потпиша со Бугарија, а кој од јавноста се криеше со недели.

Во третата точка од дневниот ред на Протоколот стои:

„Република Бугарија изјавува подготвеност да се согласи да се одржи првата политичка Меѓувладина конференција на ЕУ и РС Македонија, со разбирање дека следната Меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отварање на преговорите за членство ќе се одржи веднаш откако РС Македонија во својот устав ќе ги вклучи оние нејзини граѓани кои живеат на територијата на државата и се дел од други народи, како што е бугарскиот народ“.

Точно е дека со оваа прва, конференција почнува скринг процесот на земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анализа на Телма: Чиста преговарачка рамка за Албанија, македонската условена и преседан

Кога ќе бидат внесени Бугарите во македонскиот Устав, моментално неможе да се претпостави, бидејќи неможе да се обезбеди двотретинско мнозинство во македонското Собрание (над 80 пратеници), а од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ јавно соопштија дека нема да подржат уставни измени и дека нивните пратеници за тоа потпишале и изјави пред нотар.

И да, точно е дека Албанија денеска почна преговори со ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мишел: Македонци вашата земја го прави првиот чекор кон преговори со ЕУ

На патот кон ЕУ нема да го загубите својот идентитет, тврди Борел

Ковачевски тврди дека македонскиот идентитет е обезбеден засекогаш

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ОН: Бројот на убиени цивили во Украина е над 6.884, од кои 429 се деца

Редакција

Радев го критикува бришењето на бугарскиот клуб во Битола

Редакција

Еден од исчезнатите Македонци на Халкидики пронајден жив и е во добра здравствена состојба

Редакција