еМагазин
Image default
Македонија

На токсикологија завршиле 10 лица за новогодишната ноќ, од нив 5 девојки

Пет мажи и пет жени биле третирани на Клиниката за токсикологија во Скопје за време на новогодишната ноќ. Главно биле на возраст до 22 години, а најмладиот имал само 16 години.

Директорот на Универзитетската клиника за токсикологија, Ридван Бајрами денеска изјави дека од вкупно 10-те пациенти третирани на Клиниката, шест биле малолетни. Имало и една девојка од друг град која била предозирана со наркотици.

„Граѓаните се придржуваа до препораките од Министерството за здравство. Пациентите беа згрижени и пуштени дома. Главно биле дома. Најмладиот малолетник има само 16 години. Главно беа до 22 години, освен еден пациент на 67 години кој бил хроничен алкохоличар“, изјави Бајрами.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лажна дојава за поставена бомба во училиште во Охрид

Редакција

На вработените кои штрајкуваат во образованието и градинките ќе им бидат исплатени само придонеси, најави министерката Тренчевска

Редакција

Ковачевски неможел да коментира за скандалозната снимка со Џафери, оти не гледал кој со кого зборува

Редакција