еМагазин
Image default
Македонија

Граѓаните се уште може да пријавуваат групирања на бесплатниот телефонски број 0800-00-201

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека сѐ уште е во функција бесплатниот телефонски број 0800-00-201 и електронската адреса [email protected], на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано одбележување на претстојните празници.

Граѓаните можат да се јават и анонимно да пријават (локација) на која забележале недозволено собирање на луѓе, спротивно на мерките пропишани за справување со пандемијата.

-Полицијата исто како и за време на новогодишните празници, ќе постапи по пријавите и ќе преземе мерки во координација со Јавното обвинителство за санкционирање на непочитувањето на мерките и препораките кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести, односно одлуките кои ги носи Владата на Република Северна Македонија, стои во соопштението од МВР.

Министерството за внатрешни работи уште еднаш апелира до населението да се воздржи од групни собирања и да ги почитува мерките на Владата, а сѐ со цел заштита на индивидуалното и јавното здравје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинение за претседателот на бугарскиот клуб во Битола: Ќе одговара за ширење омраза кон Македонците и Евреите

Редакција

Раст од 2,7%: Минатата недела регистрирани 11.916 нови случаи на Ковид-19

Редакција

Инспекциски надзор во ГОБ „8 Септември“, откако на социјалните мрежи беше објавено дека пациент бил вратен поради возраста

Редакција