еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Матичните лекари со протест побараа повеќе пари и помали казни

Зголемување на капитацискиот бод, промена на начинот на препишување лекови за хронично болните пациенти, воведување нови лекови, како и нов начин на плаќање на лекарите во примарното здравство и на лабораториите, побараа денеска матичните лекари кои излегоа на протест пред Министерството за здравство.

Најавија дека денеска нема да прегледуваат пациенти, а од утре следува повеќедневен штрајк.

Претседателот на Здружението на приватни лекари, Лилија Чолакова Дервишова истакна дека протестот е последен крик за спас на приватните матични лекарски ординации.

– Оставивме доволно време да се формираат групите, но тие не проработеа. Бараме покачување на капитациониот бод, кој пред четири години беше зголемен на 63 денари по пациент и оттогаш не добиваме никакви средства плус, а сѐ е поскапено, гориво, струја, животни трошоци, рече Чолакова-Дервишова.

Таа посочи дека бараат да се смени начинот на препишување лекови за хронично болните пациенти и да се воведат нови лекови. Воедно бараат да се најде нов начин на плаќање на лекарите во примарното здравство и на лабораториите, односно се бараат решенија за да има лекари и за опстанок на примарното здравство.

На протестот дојде и министерот за здравство Беким Сали, кој изјави дека добро е запознаен со проблемите на примарното здравство.

– Сите претставници на здруженијата знаат дека работиме на нов модел на финансирање на примарната здравствена заштита. Денешниот ден е за одбележување на Денот на здравјето, а не за протестирање, рече Сали.

Тој додаде дека засега работат на три можни модели за промена на начинот на кој се исплаќаат матичните лекари.

МИА/Фото: Фејсбук/Асоцијација на специјализанти и млади лекари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре почнува скринингот во основните училишта каде е зголемен бројот на новозаболени од Ковид-19

Редакција

Силјановска за омаловажувањата дека син ѝ свирел на кавал во парк: Јас сум горда на Павле

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на струмичката болница за набавка на масло за греење вреден 7,9 милиони денари

Редакција