еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од утре почнува скринингот во основните училишта каде е зголемен бројот на новозаболени од Ковид-19

Од утре започнува скринингот во основните училишта каде е зголемен бројот на новозаболени од Ковид-19. Тоа беше аларм да иницираме ваков скрининг кој ќе покаже каква е трансмисијата на вирусот меѓу учениците.

Ова денеска на прес-конференција го истакнаа претседателот и портпаролот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски и Злате Мехмедовиќ.

– Комисијата донесе заклучок внимателно да се следи и анализира состојбата во училиштата и доколку се утврди какво било зголемување на бројките помеѓу учениците во однос на новозаразени да се направат скрининг тестирања во училиштата со цел да се утврди реалната состојба и опасноста за поширока трансмисија на вирусот помеѓу учениците.

Токму поради тоа утре започнуваме со скрининг во  основните училишта каде бројката на новозаразени е зголемена.

Во средните училиште таква состојба нема. Таму се следи епидемиолошката состојба и согласно извештаите од Институтот за јавно здравје е стабилна. Меѓутоа, загрижувачките бројки кои ги добивме од основните училишта беа аларм да иницираме и да аплицираме еден ваков скрининг што ќе ни покаже каква е трансмисијата во основните училишта, рече Мехмедовиќ.

Веќе од утре, посочи, обезбедени се тимови, здравствени работници кои ќе го спроведат скринингот и кои согласно методологијата што е утврдена ќе ги соберат податоците, кои ќе бидат доставени на анализа во Институтот за јавно здравје и епидемиолошките служби, со цел да се обезбеди нивна статистичка обработка и да добиеме реална слика за тоа како се пренесува вирусот во основните училишта.

Петличковски рече дека скринингот ќе се одвива во училиштата, а родителите кои во текот на денешниот ден добиле изјава за согласност дека се согласуваат нивните деца да бидат тестирани со брз тест тие ќе бидат тестирани во училиштата и нема потреба да ги носат во центрите за јавно здравје како што првично планиравме.

– На овој начин сакаме да им олесниме пристап до тестовите и тоа да биде со минимум компликации по нив, додаде Петличковски.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Што да им кажеме на крајот, дека сме Македонци?“: Борисов бара од Македонија да не поставува невозможни услови

Редакција

(Видео) „Сè, секаде, одеднаш“ доби седум Оскари – Јео за најдобра женска, Фрејзер за најдобра машка улога

Редакција

(Видео) Насилство во Собрание: Адеми од ДУИ со шолја за кафе го погоди Азири од Алијанса, а Милошески од ВМРО-ДПМНЕ со шише

Редакција