еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Насилство во Собрание: Адеми од ДУИ со шолја за кафе го погоди Азири од Алијанса, а Милошески од ВМРО-ДПМНЕ со шише

Комисиската расправа за законските измени со кои на судиите кои наскоро треба да се пензионираат, владејачките партии сакаат да им се продолжи работниот век, до изборот на нови, заврши со инцидент, во кој има и повредени пратеници.

Претседателот на Комисијата за европски прашања од ДУИ, Арбер Адеми не дозволи за збор да се јават пратениците од опозицијата, па се обиде да ја затвори расправата по дневниот ред, а на говорницата излегоа двајца пратеници на Алијансата за Албанците, Халил Снопче и Елми Азири, а зад нив, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, која го исклучи микрофонот на говорницата.

Потоа излегоа и други пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, а Антонио Милошоски посегна по микрофонот.

Адеми зеде шољата за кафе и ја фрли кон насобраните пратеници, при што го погоди во образот пратеникот Азири, а со пластично шише, Милошоски.

При инцидентот пратеникот на ДУИ ја исече раката, а реагираше и собраниското обезбедување и го извади Адеми од салата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адеми од ДУИ на „тапет“ на Твитер за инцидентот во македонското Собрание

„Летаа филџани и шишиња во македонскиот Парламент“: Адеми од ДУИ стана регионална ударна вест

Антиалбанец како Милошоски заслужува и повеќе, ќе им ги скршиме рацете и нозете, вели државниот секретар Азири

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: Делта сојот најмногу циркулира во области каде има помалку вакцинирани

Редакција

Започна судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

Редакција

МНР го осуди оштетувањето на таблата на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

Редакција