еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР го осуди оштетувањето на таблата на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

Министерството за надворешни работи соопшти дека најстрого го осудува вандалскиот чин, кој се случи денеска во Охрид, а со кој е искршена таблата на неодамна отворениот бугарски клуб.

Од МНР потсетуваат дека според Уставот, и според долгогодишната пракса во земјава, сите граѓани имаат еднаква слобода на здружување заради остварување на нивните права и уверувања.

Од МНР ги повикуваат сите надлежни институции да преземат соодветни мерки за овозможување на непречено исполнување на сите со Устав и закон загарантирани човечки и граѓански права и слободи.

-Истовремено, го повторуваме апелот и до сите граѓани и здруженија на граѓани за зрело и одговорно однесување со почит кон правата и слободите на другите, напоменувајќи дека мултиетничкиот карактер на нашата држава е една од темелните вредности на уставниот поредок, кое претставува право и обврска за секој од нас, посочуваат од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Таблата на „Цар Борис Трети“ целосно искршена, од бугарскиот клуб објавија фотографии

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема влез и излез: Прогласена кризна состојба во Дебар и Центар Жупа поради корона вирусот

Редакција

Детален преглед: Кои компании од берзата прават профит, а кои работат со загуба?

Редакција

ВМРО-ДПМНE: Тоа што Анѓушев побара неговите партнери да се откажат од грантот, нема да го амнестира од одговорност

Редакција